fbpx

Викенд тарифа: Fiesta ST, Polo GTI и i20 N во мини хот хеч битка

Нова интересна драг трка ни пристигнува овој викенд, а во главната улога се наоѓаат малите хот хеч модели Fiesta ST, Polo GTI и i20 N

За разлика од остатокот од светот, во Европа сегментот на мали компактни автомобили е исклучително популарен, поради што и конкуренцијата е огромна. Со оглед на популарноста, производителите нудат и перформансни модели во компактниот сегмент, а таков е случајот и со Ford, Volkswagen и Hyundai, меѓу другите, чии адути Fiesta ST, Polo GTI и i20 N кои уживаат голема популарност кај купувачите.

Перформансните спецификации на трите автомобили во оваа интересна драг трка не истакнуваат јасен победник, иако трите модели се со погон на предните тркала. Hyundai i20 N има 1,6-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 206 КС и 275 Nm максимален вртежен момент во комбинација со шестстепен мануелец. Fiesta ST користи 1,5-литарски турбо трицилиндричен мотор кој испорачува 202 KС и 290 Nm и исто така има шестстепен мануелен менувач. Polo GTI под хаубата има 2,0-литарски турбо четирицлиндричен агрегат кој има моќност од 202 КС и 320 Nm максимален вртежен момент.

 

Поврзани вести

Back to top button