fbpx

Викенд тарифа: Ford Mustang Mach-E со главна улога во Christmas Vacation

Претходно годинава FCA го ангажираше Бил Мареј за да ја репризира својата улога во „Groundhog Day“ за промоција на Jeep Gladiator, а сега и Ford направи сличен чекор со Mustang Mach-e

Ford одлучи да ги обедини повторно Шеви Чејс и Беверли Д’Анџело за реклама инспирирана од „Christmas Vacation“ за Mustang Mach-e. Чејс и Д’Анџело ја репризираа својата улога на Кларк и Елен Грисволд, а рекламата ја рекреира легендарната светлечка церемонија во филмот, каде Кларк ги собира сите пред куќата со цел да ги видат илјадниците сијалички кои ги поставил на куќата.

Исто како и во филмот, сијаличките не работат, па Елен влегува во домот. Сепак, наместо да го вклучи прекинувачот за да се вклучат сијаличките, истите нема да се запалат се додека не се приклучи Ford Mustang Mach-E. Во тој момент, наместо сијаличките, главна атракција станува електричниот автомобил.

https://youtu.be/gmAU8MJoJU4

Поврзани вести

Back to top button