fbpx

Викенд тарифа: Инзвонредни перформанси на новиот F8 Tributo

Италијанскиот производител Ferrari објави видео, каде може да се погледне и почувствува одличното перформасно однесување на новиот супер автомобил

Производителот на спортски луксузни автомобили овој пат реши да не размрда и притоа да си поигра со нашите адреналински нивоа, па така објави ново видео од перформанското изведување на својот најнов модел, инзвонредниот Ferrari F8 Tributo.

Ајде прво малку околу деталите на самиот модел. Новиот F8 Tributo неодамна беше претставен на штандот на Ferrari на саемот во Женева, како замена на моделот 488 GTB. Супер автомобилот е погонуван од 3,9 литарски V8 мотор придружуван од два турбо полначи, кој испорачува фасцинантни 710 КС и вртежен момент од 770 Nm. Благодарение на овие карактеристики, од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,9 секунди, додека 200-ката ја достигнува за импресивни 7,8 секунди. Максималната брзина му изнесува 339 километри на час.

Што се однесува до стилот на F8 Tributo, според Ferrari, неговиот изгледот претставува суштински мост кон новиот дизајнерски јазик на брендот, кој на некој начин е признание дека стилот на овој автомобил навистина еволуирал. Технички гледано, овој модел ја користи изменетата верзија на платформата на 488 GTB, со што повеќе наликува на редизајниран модел, одколку целосно нов.

Видеото претставено од Ferrari го носи името „Outstanding Performance“, а претставува одличен приказ на моќноста, агилноста и одесувањето на италијанскиот супер автомобил, кој без никаков проблем го раскинува жешкиот асфалт, како на стазата, така и на патот. Покрај прикажувањето на некои од порелевантните бројки поврзани околу перформансите на F8 Tributo, видеото исто така го доловува и неверојатниот звук на неговиот V8 мотор, добиен при правилно „ракување“ со возилото.

Навистина возбудливо, нели?

 

Поврзани вести

Back to top button