Викенд тарифа: Кен Блок дрифта со „џиновски“ Ford со шест тркала
Вакво нешто не се гледа секој ден, Кен Блок со најголемиот пикап на Ford, F-450 Super Duty со двојни тркала на задната осовина дрифта како од шега
Ford F-450 Super Duty се напојува со масивен 6,7-литарски V8 турбо дизел мотор и има влечна сила како и носивост од 3,5 тони, а кога зад управувачот ќе се најде Кен Блок, тогаш овие снимки воопшто не се изненадување. Познатиот дрифтер седна зад управувачот на 6,5 метри долгиот пикап и си поигруваше со него на Utah Motorsports Campus. Меѓутоа, првичниот план не бил таков, туку нешто сосема друго. Кога тоа не се оствари, започна шоуто…