fbpx

Викенд тарифа: Леонардо Ди Каприо во реклама за Fiat 500e

Американскиот актер и активист е познат по борбата против климатските промени, па поради тоа од Fiat го повикаа да биде дел од промоцијата на електричниот 500е

Видео кампањата се нарекува All-in, а посветена е на La Prima едицијата. Леонардо Ди Каприо ги повикува сите да се посветат на борбата против климатските промени, со одржливост како цел: „Мораме да вложиме се“, вели тој во својот говор. Fiat го прифати предизвикот, правејќи го ова како дел од својата мисија, и го даде својот најдрагоцен „дијамант“, моделот 400, со цел да го понуди својот прв целосно електричен модел.

Оваа стратегија на делење идеи и проекти исто така вклучува и други партнери со кои Fiat соработува на One off моделите, првите три уникатни и специјални примероци на новиот Fiat 500 кои ќе бидат продадени на аукција, а заработката од нивната продажба ќе биде дадена во една од еколошките здруженија на Леонардо Ди Каприо

Поврзани вести

Back to top button