fbpx

Викенд тарифа: Луда драг трка меѓу Vespa и BMW M3

Исклучително невообичаена драг трка каде во главната улога се појавува една од најчудните комбинации - скутер Vespa и BMW M3

Драг трките имаат посебен шмек и се особено интересни повеќе причини, но тешко дека ваква трка досега се има појавено во која главната улога ја имаат скутер Vespa и BMW M3. Дефинитивно една од најчудните комбинации, што прави самата трка да биде уште поинтригантна.

На едната страна се наоѓа BMW M3 од E92 генерацијата со дополнителни модификации како што е специјален издувен систем, нови отвори за воздух и ремапираце на ECU единицата. Моќноста изнесува околу 430 КС кои се испраќаат на задните тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка.

Од друга страна, како противник е Vespa скутер. На прв поглед, оваа драг комбинација воопшто нема смисла, но станува збор за тјунирана Vespa со мотор од 150 кубни сантиметри кој испорачува 43 КС, што е околу 10-пати повеќе од фабричката моќност, а исто така скутерот поседува поголем карбуратор, поголеми тркала и ред други модификации кои ја прават оваа Vespa уникатна.

А како сето тоа делува во реалниот свет и на патеката, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button