Викенд тарифа: малиот Jimny на јапонски начин
Кога малиот заводник ќе се најде во рацете на јапонските ентузијасти, резултатите се навистина изненадувачки
Четвртата генерација на мини теренецот Jimny на Suzuki претставува еден од најпосакуваните и најпобаруваните модели во светот за изминатата година. Малиот и атрактивен заводник го привлече и вниманието на голем број јапонски ентузијасти, кои за учество во овогодинешното авто шоу во Токио, се одлучија да го модифицираат токму овој модел.
Поголеми, побрзи, поагресивени и поспортски изведби, се само дел од модификациите на Jimny. Разни верзии со разни измени, адатирани да се вклопат во поинакви и екстремни околини и услови. Ваква е и верзијата „Survive“, која е наменета и прилагодена за возење по дивите и недопрени шумски предели.
Наликот на силуетата на овој модел со таа на G-Wagen некој добро ја искористил, па така со помош на големи и блескави тракала, добил мини верзија која е навистина блиску до оригиналниот AMG.
И кога никогаш не би помислиле дека овој мал теренец може да добие форма на огромен monster truck, или пак да има функција на товарен пикап, секако јапонците се тука да не изненадат.