fbpx

Викенд тарифа: Mercedes-AMG GT 63 S со нов рекорд на Нирбургринг

Во август Porsche објави дека освежената Panamera Turbo е најбрзиот автомобил во Е сегментот, но Mercedes со AMG GT 63 S си ја врати титулата

Mercedes-AMG GT 63 S 4Matic+ е најбрзиот автомобил од луксузната класа на Нирбургринг. Според Mercedes, рекордот на Porsche Panamera Turbo е срушен благодарение на инженерот за развој Демиан Шаферт кој ги постигна официјалните времиња од 7:23.009 и 7:27.800 минути. Двете времиња се побрзи од оние на Panamera Turbo, што значи дека GT 63 S 4Matic+ си ја врати круната во оваа класа по само три месеци.

Од Mercedes велат дека автомобилот бил комплетно стандарден, но добро опремен за задачата со оглед на тоа дека има 4,0-литарски V8 мотор кој испорачува 639 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Поддржан од деветстепениот менувач и систем за погон на сите тркала, автомобилот може да забрза од нула до „стотка“ за 3,2 секунди пред да достигне максимална брзина од 315 километри на час.

 

Поврзани вести

Back to top button