Викенд тарифа: Mercedes-AMG користи посебен симулатор за развој на One
Mercedes-AMG One долго време е во подготовка, а иако за доставувањето до купувачите ќе се чека до следната година, германскиот производител продолжува со развојот
Хиперавтомобилот со F1 перформанси Mercedes-AMG One се уште е во фаза на развој, а покрај тестирањето на целосно функционалните прототипи на патиштата и патеките, Mercedes-AMG користи и исклучително напреден симулатор кој помага во развојот на хиперавтомобилот.
Симулаторот се содржи од Mercedes-AMG One монокок и 4К, 9-метарски екран кој е способен да реплицира реално возење во градовите, автопатите и тркачките патеки, конкретно Нирбургринг. Погледнете во прилог како изгледа сето тоа.