fbpx

Викенд тарифа: Мини хот хеч битка, Yaris GR против Mini JCW GP

Според досегашните критики, Toyota GR Yaris е вистински хот хеч „дијамант“, додека Mini Cooper JCW GP е нескротлив ѕвер, но кој од нив е побрз во драг трка?

Toyota GR Yaris и Mini JCW GP застанаа рамо до рамо и се најдоа на мегдан во низа перформансни тестови. Почнувајќи со драг трка „од место“, по што следуваше трка со „движечки старт“, а последниот тест имаше за цел да покаже кој модел има подобри сопирачки. Ние нема да откриеме ништо повеќе околу самите трки, но можеме да кажеме само дека Yaris GR под својата хауба има 1,6-литарски турбо трицилиндерски мотор со 260 КС и 360 Nm максимален вртежен момент според европските спецификации. Mini, од друга страна, има далеку поголема предност кога станува збор за моќноста благодарение на 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски мотор кој испорачува 305 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button