fbpx

Викенд тарифа: Необична драг трка меѓу BMW E46 M3 и Toyota GR Yaris

Во раните 2000-ти години BMW M3 E46 доминираше на улиците и патеките, но денес има нови претенденти, меѓу кои и Toyota GR Yaris

Во една навистина необична драг трка, рамо до рамо ќе застанат некогаш прославениот BMW M3 E46 со својот шестцилиндерски мотор и погон на сите четири тркала, како и малиот хот хеч на Toyota, моделот GR Yaris.

Toyota GR Yaris под хаубата има турбо 1,3-литарски трицилиндерски мотор кој испорачува 263 КС и 360 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа на сите четири тркала преку шестстепен мануелен менувач и два диференцијали за ограничено пролизгување. Од друга страна, M3 E46 има двојно повеќе цилиндри, благодарение на кои испорачува 346 КС и 365 Nm. Шестстепениот мануелец ја испорачува моќноста на задните тркала. Но, Yaris е 190 килограми полесен.

Да, дефинитивно станува збор за необична драг пресметка, но во ниту еден случај не е досадна и нема да ве разочара. Погледнете го видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button