Викенд тарифа: Нико Розберг зад управувачот на Porsche Taycan Turbo S
Porsche Taycan Turbo S е неверојатно брза машина на права линија, но исто така е одличен и на тркачките патеки, а тоа го докажа и Нико Розберг
Поранешниот Formula 1 шампион Нико Розберг неодамна доби шанса да го тестира Porsche Taycan Turbo S на Нирбургринг F1 патеката пред да се упати на Nordschleife. Можноста на Розберг да стигне до екстремно брз круг на двете патеки беше под влијание на влажната површина, но сепак, неговите вештини се навистина импресивни и покрај неверојатно лизгавата површина.
Taycan Turbo S се напојува со два електромотори кои заедно испорачуваат максимални 751 КС и 1.050 Nm вртежен момент. Иако луксузниот електричен седан тежи 2.295 килограми, сепак може да достигне до „стотка“ за само 2,8 секунди и да достигне максимална брзина од 260 километри на час.