Викенд тарифа: Новиот Porsche 911 GT3 е неверојатно брз на Нирбургринг
Новиот Porsche 911 GT3 неодамна ја доживеа својата официјална премиера, а како и секој GT3 пред него, пристигнува со одлични способности за Нирбургринг
Porsche се погрижи својот нов 911 GT3 да ја продолжи традицијата не само да ги задржи препознатливите карактерстики, туку и да ги унапреди. Токму затоа, овој GT3 од 992 генерацијата е првиот кој успеал да помине круг на славната патека Нирбургринг за помалку од седум минути. Поточно, од Porsche објавија дека времето кое е поставено е 6:59.927 минути, а ова време е измерено на комплетната патека (20,8 км) на Нирбургринг, додека времето за пократката (20,6 км) е уште поимпресивно 6:55.2 минути, со што новиот 911 GT3 е цели 17 секунди побрз од својот претходник, како и 1,2 секунди побрз од последниот 911 GТ3 RS.
Како изгледа новиот Porsche 911 GТ3 на славната германска патека, можете да видите во прилог.