Викенд тарифа: Novitec Ferrari 488 Pista
Со 791 коњски сили, 900 Nm и максимална брзина од 244 km/h, германската тјунинг компанија ја претстави модифицираната верзија на Ferrari 488 Pista
Пред само неколку дена, Novitec ја претставија модифицираната верзија на италијанскиот супер автомобил Ferrari 488 Pista, со низа карбонски компоненти, агресивни каросериски додатоци, повеќе моќност и изменет систем за потпирање.
Надворешните измени вклучуваат поголем преден сплитер, нови странични прагови, заден спојлер, дифузер и други карбонски детали, кои го прават овој автомобил да изгледа уште поагресивно. Во соработка со Vossen, Novitec го опреми овој Ferrari со тркала со големина до 22-инчни, односно достапни ќе се 21 и 22-инчни алуминиумски фелни.
Во перформансниот дел, 488 Pista сега располага со моќност од 791 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm, благодарение на кои без никаков проблем ја достигнува 100ката за само 2,9 секудни, пред својата крајна брзина од дури 244 km/h.
Како изгледа и како звучи модифицираниот италијански супер автомобил, погледнете и слушнете на следните видеа.