Викенд тарифа: Porsche Taycan со Гинисов рекорд за „електричен дрифт“
Porsche Taycan влезе во Гинисовата книга на рекорди благодарение на најдолгиот дрифт направен со целосно електричен автомобил
Новиот светски рекорд на Porsche Taycan беше поставен во Porsche Experience Center на Хокенхајмринг каде што Porsche инструкторот Денис Ретера комплетираше 210 круга на 200 метри долгата кружна патека. За ова на Ретера му требаа 54 минути во кои покри вкупно 42,17 километри.
Porsche го искористи базичниот модел на Taycan со погон на задните тркала, кој се продава исклучиво во Кина, за овој тест. И додека резултатите се импресивни, севкупниот рекорд за најдолг дрифт го држи BMW M5 кој покри 374,1 километар континуирано лизгање пред неколку години.