Викенд тарифа: Porsche трка меѓу Taycan, 911 GT3 RS и 911 GT3 Cup
Porsche одлучи да направи интересна драг трка меѓу Taycan Turbo S, 911 GT3 RS и 911 GT3 Cup на патеката Sandown Raceway во близина на Мелбурн, Австралија
Porsche Taycan успеа да привлече големо внимание во светот со своето појавување и притоа да освои голем број награди, да собори неколку рекорди и слично. Но, како се снаоѓа на патеката против некои од најдобрите претставници на семејството на Porsche. Токму за една таква прилика, производителот одлучи да направи драг трка меѓу Taycan Turbo S, 911 GT3 RS и 911 GT3 Cup, двата веројатно најбрзи автомобили на брендот.
Porsche одлучи да ги спореди своите модели во две различни трки, а како сето тоа изгледаше и какви беа конечните резултати, погледнете го видеото во прилог за да дознаете.