Викенд тарифа: Премиум купе трка меѓу AMG C63, Audi RS5 и BMW M4
BMW M4, Mercedes-AMG C63 и Audi RS5 се одлични премиум купе модели со фантастични перформанси, но кој од нив ќе победи кога ќе се најдат во драг трка
Audi RS5 можеби за многумина е фаворит поради Quattro системот за погон на сите четири тркала, за други битурбо V8 моторот на Mercedes е супериорен во однос на другите, додека BMW M4 како свој адут го има тоа што за повеќето е најзабавен автомобил за возење. Но, ништо од ова не го одговара прашањето за тоа кој е најдобриот меѓу трите модели, па оттаму и оваа драг трка.
Кога станува збор за спецификациите, Audi RS5 користи битурбо 2,9-литарски V6 кој испорачува 444 КС и 600 Nm, а од нула до „стотка“ стигнува за 3,9 секунди и постигнува 280 километри на час со опционалниот RS Dynamic пакет. Од друга страна, AMG C63 S има 503 КС и 700 Nm од својот битурбо 4,0-литарски V8. Спринтот до стотка го стигнува за 3,9 секунди, а максималната брзина е 290 километри на час. На крајот, BMW M4 Competition користи битурбо 3,0-литарски шестцилинерски ммотор со 503 КС и 650 Nm, благодарение на кои го достигнува спринтот до „стотка“ за исто време како и RS5 и C63 S, а максималната брзина е 290 километри на час.