Викенд тарифа: Rimac Nevera во трка против авион
Соочувањето на автомобили и авиони не е ништо ново, но тоа не го спречи Rimac да спроведе сопствена трка со акробатски авион во Хрватска
Иако трката меѓу автомобилите и авионите не е нешто ново во светот на автомобилизмот, особено кога станува збор за чудни и бизарни соочувања, сепак Rimac одлучи да направи своја варијанта на истата. Компанијата направи пресврт во идејата со тоа што авионот ќе лета наопаку. Тоа не е лесен подвиг, па Rimac го ангажираше словенечкиот пилот Петер Подлуншек, кој лета со акробатски авиони од 1994 година и има освоено осум национални првенства во акробатика, како и на Светското првенство Red Bull Air Race, за трка со Nevera. Како сето тоа изгледа, погледнете во видеото во прилог.