fbpx

Викенд тарифа: Со Smart се обиде да побегне од полиција

Нервозен возач од САД се обиде да побегне од полицијата со возило Smart, а на крајот сето тоа резултираше и со урнебесни сцени

Бегањето од полиција во принцип е осудено на пропаст, а тоа да го правите во САД е уште побесмислено на големи и широки авении и автопатишта. Американската полиција врши контрола и од воздух и од земја, а некои луѓе и понатаму се упорни во своите замисли, верувајќи дека можат да побегнат. Најнов во низата такви „авантуристи“ е возач кој се обидел да побегне од полицијата со „идеално“ возило за бегство – Smart! Сцената е навистина комична, а дури и жалосна.

Сѐ започнало на паркинг од продавница во американската сојузна држава Аризона, кога човекот се скарал со полицајците во рутинска контрола, ја затворил вратата од својот Smart и се вдал во бегство. Полицајците тргнале по него, а кога почнал да брза низ крстосниците при црвено светло на семафорите, полицајците побарале и воздушна поддршка и се оддалечиле од возилото со цел да избегнат поголеми штети. Кога возачот излегол од градот Гилберт, тогаш забрзаа и на крајот го престигнаа. Не е познато какви се обвиненија го чекаат овој нервозен возач на Smart.

Поврзани вести

Back to top button