fbpx

Викенд тарифа: SUV драг трка со X5 M, Cherokee Trackhawk и Range Rover Sport

Времињата се менуваат, а ако на почетокот BMW X5 4.6is и Jeep Grand Cherokee Limited 5.9 беа предвесници на едно време, сега класата на високо перформансни SUV модели „експлодираше“, како во популарноста, така и во самите перформанси. Токму затоа, во оваа нова трка главниот фокус го имаат токму перформансните SUV модели, а главната улога им припадна на BMW X5 M Competition, Jeep Grand Cherokee Trackhawk и Range Rover Sport SVR.

BMW X5 M Competition под хаубата има 4,4-литарски битурбо V8 со 617 КС и 750 Nm максимален вртежен момент. Grand Cherokee Trackhawk има 6,2-литарски V8 со 707 КС и 875 Nm, а на крајот тука е Range Rover Sport SVR со 5,0-литарски супер V8 со 575 КС и 700 Nm. Како овие бројки изгледаат во реалниот свет, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button