Викенд тарифа: Трејлерот за Fast X најавува враќање на тркачките корени
Првиот трејлер за претпоследниот филм, Fast X, од франшизата Fast & Furious дебитираше синоќа, прикажан на во Лос Анџелес. Според она што може да се види, филмот ќе ги исполни очекувањата на автомобилските обожаватели и фанови на франшизата.
Ако се верува на трејлерот, во Fast X ќе има изобилие на врвни автомобилски акробации, сцени со борби, па дури и некои драг трки (сепак франшизата започна со фокус на уличните трки). Главната ѕвезда на филмот, Вин Дизел, најави дека филмот ќе се врати во корените на франшизата, односно автомобилите и трките.
Низ видеото за може да се видат голем број интригантни автомобили. Тука се Dodge Charger Hellcat, Alfa Romeo Giulia Sprint GT, класичен Nissan Z, Chevrolet Impala, Porsche 911, Lamborghini Gallardo и многу други.