fbpx

Викенд тарифа: Уникатната Alfa Romeo Giulia SWB Zagato низ улиците на Милано

Еднократната и специјална Alfa Romeo од Zagato изгледа како совршено возило за откривање на убавината на италијанскиот град во текот на ноќта

Не често добиваме шанса да се восхитуваме на уникатните возила на јавните патишта, бидејќи нивната вредност обично ја ограничува нивната употреба на приватни собири и луксузни гаражи. Сепак, единствената Alfa Romeo Giulia SWB Zagato што постои, патуваше во Милано каде што беше снимена и фотографирана на прекрасната позадина на италијанскиот град во текот на ноќта.

Видеото го режираше Стив Кетнер, а на YouTube го објави Nostalgear. Zagato и сопственикот дале дозвола за користење на егзотичното возило, транспортирајќи го од миланското ателје до градското подрачје кое е преполно со стари и осветлени згради.

Како што сугерира името, моделот е базиран на Alfa Romeo Giulia, иако архитектурата Giorgio е дотерана со значително пократко меѓуоскино растојание што ги менува пропорциите. Донаторскиот автомобил е Giulia Quadrifoglio надграден до спецификацијата GTAm, што значи дека битурбо 2,9-литарскиот V6 произведува 540 КС. Моќта се пренесува на задната оска преку шестстепен мануелец.

Моделот беше развиен и произведен независно од Zagato со цел да ја прослави 100-годишнината од својот прв проект базиран на Alfa Romeo. Цената не е објавена во јавноста, но никој не очекува таквата конструкција да биде евтина. Едната и единствена Giulia SWB Zagato беше нарачана од германски колекционер кој веројатно нема да ја продаде наскоро.

Поврзани вести

Back to top button