fbpx

Викенд тарифа: VW Golf R во дуел со тјуниран GR Yaris

Новиот Volkswagen Golf R ги воодушеви сите со своите динамички способности, а истото може да се каже и за малиот хот хеч Toyota GR Yaris

VW Golf R е најбрзиот член на семејството Golf кој користи 2,0-литарски турбо четирицилиндерски мотор со 319 КС, кој доаѓа исклучиво во комбинација со погон на сите четири тркала и седумстепен DSG менувач. Кога на ова ќе се додаде опционалниот Performance Pack тогаш може да се ужива и во Drift режимот на Golf R.

Од друга страна, познато е дека Toyota го воодушеви светот на перформансните хечбек модели кога одлучи да го лансира GR Yaris. Малата ракета со рели перформанси е создаден исклучиво за забавно возење. Кога на тао ќе се додаде и најновиот сет унапредувања на Litchfield, тогаш се добива вистинска мала „ѕверка“. Litchfield посвети дополнително внимание на системот за потпирање и моторот, со што трицилиндерскиот хот хеч стана уште побрз. Моќноста е зголемена од 260 на 304 КС, а тјунерската компанија исто така поработе на управливоста на моделот.

Како тјунираниот Toyota GR Yaris ќе се снајде со Volkswagen Golf R, погледнете во видеото во продолжение.

Поврзани вести

Back to top button