fbpx

Викенд тарифа: WRC автомобил против Formula 1 и Formula E болиди

WRC, Formula 1 и Formula E се меѓу најпопуларните мотоспортови на светот, а сега по еден автомобил од овие шампионати се најдоа на мегдан еден против друг

Top Gear успеа да направи една интересна драг трка каде рамо до рамо постави три исклучително моќни автомобили кои се дел од WRC, Formula 1 и Formula E шампионатите и ги тестираше нивните способности во меѓусебен дуел.

WRC машината е Ford Fiesta, Formula E болидот е од тимот на DS, а претставникот на Formula 1 е од таборот на Mercedes-AMG, веројатно најмоќниот болид во шампионатот. Треба да се напомене и дека драг трката се одвива на влажна патека, а благодарение на погонот на сите четири тркала, Ford Fiesta тука има мала предност.

Поврзани вести

Back to top button