Викенд тарифа: Зад сцените на No Time To Die со Range Rover
Најновиот филм во сагата за тајниот агент Џејмс Бонд, No Time To Die наскоро ќе пристигне во кино салите, а особено внимание привлекуваат сцените со автомобилите
Land Rover открива поглед зад сцените со бркотници во кои се вклучени нивните Range Rover Sport SVR модели. Во No Time To Die се вклучени неколку Range Rover Sport SVR модели финиширани во Eiger Grey со 22-инчни Narvik Black тркала од лесна легура и опционалниот Carbon пакет. Тие исто така се опремени со карбонската хауба обоена во боја на каросеријата и се избрани како совршени возила за „оф-роуд“ секвенците.
За време на бркотниците, Бонд го бркаат два SVR модели додека вози Toyota Land Cruiser Prado. Land Rover вели дека Range Rover Sport SVR кои се користени во филмот го имаат истиот специјално тјунираниот систем на потпирање како и продукцискиот модел.
Покрај двата Range Rover Sport SVR модели, во новиот No Time To Die филм се наоѓаат и Aston Martin Valhalla, Land Rover Defender, Aston Martin DBS Superleggera, Aston Martin DB5 и оригиналниот V8 Vantage.