Викенд тарифа: Zedro Notorious со 1250 коњски сили
Либанската компанија Zedro, со седиште во Обединетите Арапски Емирати, на Саемот за автомобили во Дубаи ја претстави својата креација Zedro Notorious
Целта на компанијата била од Zedro Notorious да создаде простран, удобен и сигурен егзотичен автомобил. Па така автомобилот е изграден врз база на Infiniti G37. Notorious го користи и V6 моторот на Infiniti G37, така што тука настапува деталот по кој овој автомобил се истакнува, а тоа се 1250 коњски сили.
Zedro Notorious ја има најсилната twin-turbo верзија на мотор со кој постигнува 1250 КС и забрзува до 100 километри на час за 3,4 секунди. Каросеријата може да биде изградена од фиберглас или јаглеродни влакна за поскапи верзии. Планирана е серија од 100 примероци, од кои пет се веќе продадени.