fbpx

Vitronic ја претстави автономната приколка која лови бесни возачи

Vitronic Enforcement Trailer е називот на новата „приколка“ на германската компанија која е задолжена да ги лови возачите кои возат со преголема брзина

Една од најлошите работи за некои од возачите додека брзаат на јавните патишта, секако покрај некоја несреќа, е да бидат уловени од страна на полицијата и да добијат ригорозна казна за своето несовесно однесување. Но, снаодливите возачи најдоа „решение“ и за тоа. Голем број на детектори за радари и мобилни апликации се појавија во последните години кои им го олеснуваат „дивеењето“ на возачите, а тоа создава проблеми и за полицијата. Сообраќајните полицајци во последно време имаат зголемена работа, па веројатно водени од сето ова, германската компанија Vitronic разви нешто што наликува на брзинска камера која е речиси невозможно да ја измамите и е застрашувачки ефикасна.

Vitronic Enforcement Trailer е називот на новиот уред кој се користи за да се казнат несовесните возачи, а кој содржи висока технологија и потсетува на некој уред од научнофантастичните филмови од 80-тите години на минатиот век.

Во суштина камера за ловење на брзите возачи, Vitronic Enforcement Trailer претставува мобилна, беспилотна „приколка“ која поседува бежичен модем, па дури и непробоен оклоп. Благодарение на батеријата која ја поседува, оваа „приколка“ може да функционира без прекин и без оператор или надворешен извор на енергија дури до пет дена.

Висока технологија за спречување на брзите возачи

Приколката на Vitronc исто така е и високо мобилна, како што јасно сугерира нејзиното име, а истата може да биде транспортирана од страна на секое возило кое поседува кука и да биде поставено на место каде што несовесните возачи најчесто ја надминуваат дозволената брзина. Приколката поседува и далечински управуван систем за маневрирање со мала брзина откако ќе биде паркирана. Пред да започне со својата работа, приколката може целосно да се спушти до земја, така што тркалата и прицврстувачот за приколки се целосно покриени со оклопните надворешни плочи, поради што неовластеното помрднување или транспорт на единицата е практично невозможно, во случај некој да сака да ја помести или тргне.

Vitronic

Згора на тоа, оваа високо-технолошка приколка со високо-квалитетен фотоапарат тежи нешто повеќе од еден тон, а има и алармен систем за да го заштити од вандализам.

Поврзани вести

Back to top button