Во салонот на Škoda пристигна освежената Octavia
На македонскиот пазар пристигна освежената Octavia. Со повеќе од 7 милиони продадени единици, таа е убедливо најпродаваниот модел на чешката марка.
Освежувањето на четвртата модерна генерација на Octavia вклучува нов, надграден дизајн со обновени предни и задни браници и ажурирана маска на Škoda. Нови се и предните LED Matrix светла од втората генерација, подобрени LED задни светла со анимирани индикатори и нови дизајни на алуминиумски тркала. Структурата на новата гама се состои од две нивоа на опременост – Essence и Selection на кој подоцна ќе се надополнат и Sportline и RS. Слично како и кај новиот Kodiaq, се нудат повеќе дизајнерски селекции за внатрешноста – Studio и Loft како стандард и опционално достапните Lodge (текстил/еко-кожа), Lounge (Алкантара/еко-кожа) или врвните Suite Black/Cognac (перфорирана кожа во црна или коњак боја).
Покрај новите и одржливи материјали за седиштата, контролната табла и панелите на вратите, дигитален дисплеј од 10 инчи ќе биде стандарден на избраните варијанти на модели. Познатиот Virtual Cockpit со подобрена функционалност и head-up дисплејот остануваат достапни. Двете верзии на дигиталната инструмент табла имаат преработена графика, како и инфозабавните дисплеи.
Поголемиот 13-инчен инфозабавен централен дисплеј е достапен како опција за прв пат на Octavia, додека 10-инчниот инфозабавен дисплеј е вклучен како стандард. Подобрената Octavia сега има и телефонски интерфејс за безжично полнење и вентилација од 15 вати и четири USB-C порти за брзо полнење со моќност од 45 вати.
Гамата на мотори се состои од два бензински мотори 1.5 TSI, едниот со мануелен менувач а вториот со автоматски 7 степен DSG и блага хибридна технологија, како и два дизели 2.0 TDI. Моќноста се движи од 115 КС до 150 КС. Подоцна кај верзијата Sportline ќе биде достапен и бензинскиот мотор 2.0 TSI со 204 КС додека топ верзијата RS ќе го добие моторот 2.0 TSI со 265 КС.