fbpx

Нов удар за Volkswagen AG

ЕК го казни произведувачот на камиони на Scania, кој е дел од концернот Volkswagen Group, со 880,5 милиони евра

Европската комисија го казни шведскиот производител на автомобили Scania со 880,5 милиони евра за недозволено здружување во картел со други големи европски компании од истата фела. Ова беше најавено на прес-конференција во Брисел од страна на комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргарет Вештагер.

Уште во 2016 година беше потврдено дека Volkswagen, MAN, Daimler, Volvo и Iveco биле во договор за картелно здружување и заеднички ги диктирале цените за своите машини, што не е во согласност со антимонополската политика на ЕК. Тие ја признаа вината и беа казнети со 2,9 милијарди евра. Овие компании произведуваат околу 90% од европските камиони.

Според ЕК, во текот на 14 години, Scania, заедно со останатите членови на картелот, преговарала не само за цените на нивните автобуси и камиони, туку и во воведувањето на нови технологии потребни за задоволување на барањата за животната средина. Сè е направено во исто време. Во 2016 година Scania ги отфрли сите обвиненија и категорично негираше дека учествувала во картелното здружување. Швеѓаните, исто така, одбија да соработуваат со Европската комисија, па по последните откритија, сега добија максимална парична казна.

Поврзани вести

Back to top button