fbpx

Volkswagen ги остави конкурентите далеку зад себе

Концернот Volkswagen конечно на здрави нозе

Дизел скандалот во 2015 година, кој рака на срце го „фрли во нокдаун“ гигантот е веќе минато. По нешто повеќе од две години Концернот е повторно број еден во Германија, водечки во Европа, па и светот, открива Automotive News во своите анализи. Акциите на Volkswagen скокнаа за 23% во последниот кварталот, што е најдобар резултат кај некој од европските производители. За споредба, растот на Daimler е 5,3%, додека кај BMW е уште помал.

Ако гледаме детално, Porsche Automobil Holding може да се пофали со зголемување за цели 31%, кој е сопственик на поголемиот дел од обновените акции на VW Group. Инвеститорите може да бидат задоволни што Volkswagen постигна значителен напредок во регулирањето на барањата на американските и европските регулатори. Компанијата потрошила околу 30 милијарди долари за да ја покрие штетата од скандалот, зголемувајки ја својата прогноза за приходите во 2017 година.

„Volkswagen има нов менаџмент, одржлив план и огромна можност за пресврт во автомобилската индустрија”, коментира Арнд Елингхорст, аналитичар во компанијата Evercore ISI. Според него, компанијата работи многу ефикасно, фокусирана е во остварување на своите нови цели, па цената на нејзините акции ќе продолжи за расте, а може да достигне и до 300 евра. Аналитичарот на Exane, Стјуарт Пирсон, верува дека многу нови модели што Volkswagen ги подготвува ќе го стимулираат растот на приходите. Според него, инвеститорите во компанијата „ќе имаат многу прилики да слават во 2018 година“.

Но, не сите експерти сметаат дека е време да се инвестира во акции на Volkswagen. Аналитичарот на AlphaValueм Ханс Петер Воднок, е загрижен за огромните казни, кои компанијата ќе треба да ги исплати во Европа, поради скандалот со дизел моторите. Според него, во самиот Концерн исто така има сериозен проблем поради внатрешната конкуренција меѓу брендовите кои се борат за поголем удел на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button