Volkswagen Amarok е пикап на годината за 2018
Новата генерација на Volkswagen Amarok е прогласен за победник на конкурсот Меѓународен пикап на годината 2018 (IPUA 2018)
Новата генерација на Volkswagen Amarok, претставник од портфолиото на комерцијалната поделба на Volkswagen, е прогласен за победник на конкурсот Меѓународен пикап на годината 2018 (IPUA 2018) и тргна по стапките на својот претходник, кој победи во 2010 година.
– Многу сме благодарни на жирито за наградата IPUA 2018 и се чувствуваме горди на ваквата одлука, бидејки годинава конкуренцијата беше навистина голема. Со новиот Amarok ние се обидовме да резимираме што сакаат нашите клиенти од ваков тип на возила. Направивме комплетна анализа на оствареното со претходната генерација, па со новата успеавме да постигнеме поголема моќ, подобар вртежен момент и адекватна применливост на било каков терен, коментираат од Volkswagen.
Од компанијата коментираат исто така, дека втората генерација на Amarok со V облик, шестцилиндричен мотор ужива поголем интерес. Од почетокот на годината до крајот на октомври глобалната реализација на моделот е на ниво од 65.200 единици, што е за 13,2% повеќе во споредба со истиот период минатата година.