fbpx

Најпопуларниот Volkswagen станува електричен автомобил

Новата генерација на Volkswagen Beetle ќе биде достапна во електрична верзија. Ова го најави шефот на германскиот производител на автомобили, Херберт Дис, во интервју за Autocar

Тој сепак прецизира дека сеуште не е донесена конечна одлука кога тој би се појавил на пазарот.

Сметаме дека ако направиме електричен Beetle, веруваме дека ќе биде многу подобар од сите современи модели на струја. Оваа креација ќе биде многу блиска до изведбата со богата историја, а најверојатно ќе добие и погон на задните тркала, објасни Дис. Доколку се прави идната „Буба” на струја ќе биде изградена на модуларната платформа MEB, која ќе се користи за сите електрични модели на Volkswagen.

Volkswagen Beetle

Volkswagen

Плановите на компанијата предвидуваат таа да биде употребена за не помалку од 15 нови електрични остварувања, од кои некои веќе беа прикажани како концептни модели. Сегашниот Beetle претставува продолжение на оригиналниот модел, кој се произведуваше во периодот 1938-2003 година и е најпопуларниот автомобил на Volkswagen во историјата. Тој беше реафирмиран двапати – во 1998 и 2011 година. Последната генерација се уште се произведува.

Поврзани вести

Back to top button