fbpx

Volkswagen ги елиминира мануелните менувачи

Германскиот гигант Volkswagen се очекува целосно да ги отфрли мануелните менувачи во својата понуда до 2030 година

Автомобилскиот производител Volkswagen е во средина на масивна електрификациска офанзива, а до 2030 година плановите се да продава исклучиво електрични возила ширум Европа. Со оглед на тоа дека електричните автомобили немаат мануелна трансмисија, ова би требало да биде годината кога опсегот на VW ќе биде целосно ослободен од рачните менувачи, пренесува Auto Motor und Sport.

Volkswagen бара начини да ги намали трошоците поради скапата ЕВ иднина, а еден од начините да се заштедат пари е поедноставување на погонските опции. Затоа, VW го фаворизира DSG менувачот во однос на мануелниот, а постепеното исфрлање на квачилото од автомобилите треба да започне за кратко.

Имено, се смета дека следната генерација на Tiguan, кој треба да пристигне на пазарот во 2023 година, ќе се понуди исклучиво со автоматски менувач. Истата година, унапредениот Passat исто така ќе ја загуби оваа опција во својата понуда. Германската публикација смета дека овој потег не само што ќе има силно влијание врз VW брендот, туку и групацијата севкупно, што значи дека се наближува крајот за мануелните менувачи и за возилата од Škoda, Seat и Audi.

Автомобилските ентузијасти со сигурност ќе жалат за евентуалната „смрт“ на мануелната трансмисија, ваквиот потег е практично најавен уште пред една деценија и беше познато дека кога-тогаш ќе се случи. За среќа, до 2030 година имаме доволно време да уживаме во мануелните менувачи.

Поврзани вести

Back to top button