fbpx

Volkswagen ги откри деталите за Tiguan eHybrid

Европските купувачи сега имаат нов plug-in хибриден SUV во понудата, а станува збор за Volkswagen Tiguan eHybrid кој официјално е лансиран во Европа

Volkswagen официјално ја започна предпродажбата за Tiguan eHybrid, plug-in хибридната верзија која ќе се приклучи на остатокот на поставата од освежениот Tiguan за 2021 година. Хибридниот модел комбинира 1,4-литарски TSI бензински мотор со електромотор кој има улога на дополнителен генератор и шестстепен автоматски менувач. Вкупната моќност на системот изнесува 245 КС и 400 Nm максимален вртежен момент достапни во GTE режимот. Моделот исто така е програмиран да стартува во електричен режим ако литиум-јонската батерија е доволно наполнета и ако температурата е над -10 степени целзиусови.

Освен тоа, електричниот возачки режим е достапен со допир на копче и му овозможува на Tiguan eHybrid да помине до 50 километри исклучиво на струја. Батеријата е поставена во подот, меѓу двете осовини и се полни со наизменична струка, а возилото се нуди со конектор за конвенционални домашни приклучоци со капацитет до 2,3 kW или 3,6 kW на полначките станици.

Plug-in хибридниот погон се карактеризира со рекуперација на енергијата преку сопирање, со што батеријата се полни и обезбедува доволно електрична енергија на долги патувања за да се деактивира моторот на внатрешно согорување или да обезбеди дополнителна возачка моќност, зависно од ситуацијата.

Стандардниот модел вклучува 17-инчни тркала, покривни шини, трозонски клима=уред, дигитален инструмент кластер, мултифункционален управувач обложен со кожа, автономно сопирање во итни случаи и предни и задни паркинг сензори. Сите Tiguan модели се нудат со LED фарови, брисачи со сензори за дожд и асистенција за одржување на лентата.

Tiguan eHybrid

Во Германија, каде што предпродажбата на Tiguan eHybrid е веќе започната, plug-in хибридниот SUV се нуди со три нивоа на опременост наречени Life, Elegance и R-Line, а цените стартуваат од 42.413 евра.

Поврзани вести

Back to top button