fbpx

Volkswagen го откри ентериерот на ID.4

Германски Volkswagen ги објави првите фотографии од ентериерот на нивниот прв целосно електричен кросовер, моделот ID.4

За оние кои се запознаени со изгледот на хечбекот ID.3, централната конзола на ID.4 нема да претставува никакво изненадување. Истата делува речиси идентично, со исклучок на формата на отворите за воздух, начинот на кој екранот е интегриран во централната конзола, како и нешто поинаквото позиционирање на контролниот панел за светлата.

Volkswagen го опишува ентериерот на ID.4 како модерен кој нуди обилен простор, пуристички дизајн, високо квалитетно осветлување и одржливи материјали на тапацирот. Благодарение на поефикасното поставување на батериите што е овозможено од MEB платформата и компактниот погон, VW ID.4 нуди прилично простран ентериер споредено со сличните кросовери кои се напојуваат со конвенционални мотори.

Задната клупа нуди простор колку и конвенционалните SUV модели од повисоките категории, додека багажникот собира 543 литри. Големите отвори на вратите, високата поставеност на седиштата и опционалниот стаклен панорамнски покрив го зголемуваат чувството на просторност, исто како и дизајнот на ентериерот.

Според Volkswagen, предните седишта се спортски и удобни, кои се карактеризираат со комбинација на вештачка кожа и ArtVelours, голем број опции за електронско подесување и вградени масажерски функсии со пневматска поддршка на лумбалниот предел.

Исто како и VW ID.3, така и ID.4 се карактеризира со ID. Light одликата како стандардна, а е сочинета од светлечна лента поставена под прозорците. ID. Light ги поддржува возачите во неколку ситуации со интуитивни светлечки ефекти во различни бои. ID.4 исто така се одликува и со амбиентален осветлувачки систем со 30 бои.

Volkswagen ќе го претстави ID.4 на 23 септември, со тоа што првите возила се очекуваат да бидат испорачани пред крајот на годинава. Производството веќе е започнатo во Цвикау фабриката во Германија.

Поврзани вести

Back to top button