fbpx

Volkswagen го претстави освежениот Tiguan Allspace

Фејслифтот на стандардната изведба на Tiguan веќе дебитираше во Европа, а сега на ред дојде и верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание, позната како Allspace

Volkswagen го претстави освежениот Tiguan Allspace, а тоа значи нов дизајн на екстериерот, нов дизајн на ентериерот, нова технологија, нови бои и многу други работи. Со оглед на тоа дека станува збор за редизајн, некои работи остануваат препознатливи и исти како и претходно.

Како и кај „обичниот“ Tiguan, така и Allspace верзијата добива визуелни унапредувања кои во главно се ограничени на предниот и задниот дел. На предниот, најголемото унапредување е формата на новите фарови. Со новиот LED светлосен потпис, дизајнот сега наликува повеќе на стилскиот јазик кој се појави кај осмата генерација на Golf. Купувачите во Европа ќе можат да ги изберат и IQ.Lights со Matrix LED технологија. Тука е и новиот браник кој е поставен под новата решетка каде е инкорпорирана светлечка лента. Промените се посуптилни на задниот дел, а кросоверот сега го добива натписот Tiguan на средина од задната врата, под VW логото. Највисоките две нивоа на опременост сега добиваат и R-Line дизајнерски елементи како уникатните странични прагови и браници. Интересно, освежениот Tiguan Allspace e 22 милиметри подолг од актуелниот модел, но тоа нема никакво влијание на волуменот во ентериерот.

Tiguan Allspace

LED фаровите и дневните светла се стандарден дел од опремата, а секое ниво на опременост има нови опции за тркалата, кои варираат од 17 до 20 инчни во големина. Купувачите ќе можат да избираат од осум бои на екстериерот, меѓу кои и Oryx White и Kings Red Metallic кои се нови бои во палетата.

Премиум чувство во внатрешноста

Кога станува збор за ентериерот, Volkswagen најмногу се посвети на технологијата. Исто така, 8,0-инчниот дигитален инструмент кластер сега пристигнува како стандарден, додека 10-инчниот Digital Cockpit Pro се нуди како опција. Стандарден е и MIB3 инфозабавниот софтвер на компанијата во секое ниво на опременост, освен во базичното. Овој софтвер нуди бежично полнење за мобилни телефони и бежично конектирање на апликации за компатибилните уреди. Како стандард пристигнуваат и предните седишта со греење, додека меѓу опциите се нудат греењето на управувачот и вентилирачките предни седишта.

Tiguan Allspace

Во Европа, купувачите ќе можат да изберат како опција и трет ред седишта, додека капацитетот на багажникот достигнува до 1.920 литри. Без оглед на тоа која конфигурација ќе се избере, Volkswagen се потруди ентериерот да добие попремиум чувство, а зголемено е и присуството на „хаптичките“ копчиња.

Исто така, достапен во сите нивоа освен базичното е Climatronic Touch контролите за клима-уредот на Volkswagen. R-Line моделите добиваат управувач обложен со кожа. Базичното ниво нема да го добие ниту IQ.Drive пакетот на безбедносни системи, со што Tiguan Allspace добива предупредување за преден судир и итно запирање со детекција на пешаци, мониторирање на слепа точка, адаптивен темпомат, асистенција за одржување на лента и многу друго. Но, базичниот Tiguan не е целосно запоставен, бидејќи и ова ниво на опременост добива Rear Traffic Alert, предупредување за преден судир и уште неколку други безбедносни системи.

Tiguan Allspace

Погонот останува непроменет. Тоа значи дека во понудата се наоѓа 2,0-литарскиот четирицилиндерски мотор со 190 или 245 КС. Во двете варијанти, погонот е на сите четири тркала како стандарден и пристигнува со седумстепен DSG менувач. Тука е и поекономичната 1,5-литарска бензинска опција која испорачува 150 КС и ја пренесува својата моќност преку шестстепениот мануелец или седумстепениот DSG менувач. Не крајот, достапен е и 2,0-литарскиот дизел во две варијанти, со моќност од 150 или 200 КС.

Поврзани вести

Back to top button