Нови тестови за Volkswagen Golf, доаѓа на есен
Volkswagen ја објави првата официјална фотографија од целосно новата генерација на бестселерот Golf и објави дека моделот влезе во последната фаза на тестирање
За новата генерација на Volkswagen Golf, која ќе се појави на пазарот откако ќе бидат произведени повеќе од 35 милиони производни единици од седмата генерација на моделот, компанијата соопшти дека ќе биде дигитална, интелигентна и поврзана. Автомобилот ќе влезе во нова ера на електрифициран погон, комуникација со надворешниот свет, дополнителни услуги и функционалности, како и помошни решенија за возење.
На фотографијата од маскираниот Golf 8 несомнено е дека моделот асоцира на претходните генерации, но сепак има нов изглед. За жал освен ова, таа не открива ништо за малите детали што ќе го разликуваат новиот автомобил.
„Во овој момент, нема да ги откриеме сите детали за новиот Golf, но можете да ги почувствувате неговите елегантни размери“, рече Клаус Бишоф, директор на Volkswagen Design. „Новата генерација ќе биде вистински магнет со својот изглед!“, вели тој за автомобилот што ќе го видиме оваа есен, веројатно за две недели во Франкфурт од каде екипата на Авто Плус ќе врши пренос во живо на социјалните мрежи.