fbpx

Volkswagen Golf во караванска верзија уловен на шпиунски фотки

Новата генерација на Volkswagen Golf во караванско издание, познат под името Variant, забележана е за време на тестирањата

Volkswagen Golf Variant ќе стане дел од осмата генерација на Golf семејството и се одликува со нов дизајн. Се очекуваат пропорциите на автомобилот да бидат исти како претходно. Сепак, новите фарови и пошироката долна маска го одликуваат новиот модел. Страничниот дел од автомобилот може да се каже дека наликува на претходникот, а светлосните групации делуваат нешто повисоко поставени во однос на „седумката“. Кога веќе станува збор за споредба, треба да се каже и дека во новата генерација, ветробранското стакло на багажникот сега е нешто помало, како и тоа дека покривните носачи на задниот крај се поместени понапред.

Кога станува збор за внатрешноста, тука свое место ќе најде новата арматурна табла, додека инфозабавниот систем ќе пристигне во вид на високопоставен таблет, што е решение кое за прв пат ќе се најде кај некој Golf. Рачката од DSG менувачот е потенка, а тргнати се и класичните прекинувачи за светлата. Наместо нив, тука се капацитивните контролни единици.

Volkswagen Golf

Понекогаш нарекуван Jetta или Bora, овој караван отсекогаш бил важен дел од Volkswagen Golf семејството. Во 2018 година се појавија шпекулации кои сугерираа дека овој модел ќе биде укинат во целост. Очигледно е дека тоа не е вистина, што и не треба да зачудува. Сепак, многумина во Европа, особено Германците, ја обожаваат оваа каросериска конфигурација. Поради тоа производителите и понатаму нудат каравански верзии на своите модели, некогаш дури и на сметка на седаните.

Volkswagen Golf

Новиот Golf Variant е прилично сличен на хечбек верзијата се до B столбот. Притоа, има и два сестрински модели – Škodu Octavia Combi и Seat Leon ST. Со самото тоа, купувачите знаат што би можеле да очекуваат од овој модел. Под хаубата, најголемите промени пристигнуваат во вид на блага хибридна технологија за речиси сите мотори. Ова на Golf му овозможува да се движи со исклучен мотор во извесни ситуации. Европскиот пазар на почеток ќе има пристап само до 1.0 и 1.5 TSI турбомоторите.

Кога станува збор за дизел моторите, единствениот достапен агрегат ќе биде 2,0-литарскиот, кој ќе нуди моќност во распон од 115 до 200 КС во случајот на Golf GTD Variant. GTI караванската верзија не треба да се очекува, но затоа GTE plug-in хибридот би можел да се најде во плановите на Volkswagen.

Поврзани вести

Back to top button