Volkswagen Group повторно лидер
Статистичката агенција Focus2Move објави податоци за годишнава продажба кај автомобилските групи
Навистина неверојатно, но со разлика само во неколку илјади единици, VW Group, Toyota Motor и Renault-Nissan се трите најдобро пласирани во 2017 година.
Според податоците на Focus2Move, изминатата календарска година VW Group ја завршува со резултат од 10.413.355 единици, што претставува зголемување од 3,9% во однос на 2016. На второ место, со 10.163.491 возила и раст од 1,7% се најде Toyota, а Renault-Nissan-Mitsubishi е на трето со реализација од 10.117.402 единици и подобрување од 6,3%.
Во Топ 10 на најголемите автомобилски гиганти во 2017 година влегуваат исто така Hyundai-Kia со 7.280.054 продажби, пред GM со 6.875.098, Ford 6.254.133 Honda 5.359.195, FCA 4.863.291, PSA 4.161.389 и Suzuki со 3.148.930 единици.
Со највисок раст во текот на изминатата година може да се пофали Geely Group откако реализацијата на гигантот во 2017 е зголеменa за речиси 36% (35.9%) до 1.922.769 единици.