fbpx

Volkswagen стартува со онлајн платформа за половни автомобили

Финансискиот сервис на VW Group лансираше онлајн платформа за да го зголеми на присуствувото на пазарот на користени автомобили во Германија, а целта е да се зголеми двојно бизнисот до 2025 година

Платформата се нарекува HeyCar и таму клиентите ќе можат да најдат автомобили од втора рака. Стартот на делување на ова поле нема да биде лесен, бидејќи 95% од онклајн трансакциите минуваат низ два моќни портали: mobile.de и autoscout24.de. За финансиската компанија на VW Group сепак оваа платформа ќе биде нова бизнис алатка, бидејки идејата е преку HeyCar да се зголемат трансакциите за кредити, лизинг договори и продажба на осигурување.
Volkswagen
Во исто време од компанијата негираат дека бараат начин да нудат профитабилни дизел модели, чија репутација настрада од Дизелгејт, а на германскиот пазар за користени автомобили за прв пат цените на бензинските автомобили ги надминаа оние на дизелските. Покрај тоа, истражувањето спроведено во текот на летото покажа дека клиентите сакаат бензински автомобил пред дизел, кога бараат поволни користени автомобили. Од компанијата експлицитно прават забелешка дека на платформата може да се нудат автомобили од сите марки, а не само од оние кои се под капата на VW Group.
Volkswagen
Кристијан Далхајм кој е шеф на продажбата во HeyCar изјави дека промоцијата на платформата „нема никаква врска со цените на користени дизел автомобили.“ Платформата ќе активна од почетокот на следниот месец и таму веќе можат да се најдат 50.000 автомобили, целта е до догодина огласите да се двојно поголеми, а потоа да достигнат 300.000. Во mobile.de се продаваат во моментов 1,2 милиони автомобили.

Поврзани вести

Back to top button