VW ID.3 помина 531 километар со само едно полнење
Volkswagen ID.3 го сруши својот официјален WLTP опсег откако успеа да помине 111 километри повеќе од очекуваното со само едно полнење на батеријата
Патот од Цвикау, Германија, каде што се произведува електричниот хечбек, до Шафхаузен, Швајцарија Volkswagen ID.3 го комплетираше за околу 9 часа, со просечна брзина од 56 километри на час. Дел од 531 километар долгото патување е минато на автопат (44 проценти), а дел на регионални патишта (56 проценти), а рутата мина и низ градовите Улм и Бајројт.
Како резултат на ова, првиот сериски произведен ID.3 Pro Performance модел кој е користен во тестот, кој поседува 58 kWh батерија, ја надмина официјалната WLTP автономија на движење од 420 километри за цели 111 км. Автомобилот во просек минувал 100 километри во најекономичниот режим на возење, со тоа што голем дел од дополнителните функции работеле само привремено. Како и да е, автомобилот успеа да ги надмине официјалните норми на WLTP за 26 проценти, за што во фабриката во Цвикау се особено горди.
„Автомобилот има се, компактен е, но простран, има кул, речиси футуристички дизајн и низок коефициент на воздушен отпор“, изјави возачот Феликс Еголф. Од друга страна, директорот за технологија и логистика во Volkswagen Sachsen, Рајнхард де Врис истакна: „Со својата високо волтаична батерија, ефикасен погон и можноста за брзо полнење, дури ниту долгите патувања не се проблем. Ова исто така е силна порака до тимот во Цвикау и до целиот ID тим“.
Ограничената 1st Edition серија на Volkswagen ID.3 се карактеризира со електромотор кој испорачува 204 КС и 310 Nm вртежен момент. Спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 7,3 секунди додека максималната брзина е ограничена на 160 километри на час. Цената на овој модел е 38.986 евра, односно околу 3.400 евра повеќе од базичната верзија. На врвот на понудата, како опција се наоѓа најмоќната батерија од 77 kWh ја зголемува автономијата до 550 километри според WLTP.