fbpx

Volkswagen ID.7 е новиот електричен адут на марката

На Салонот во Шангај, Volkswagen го претстави својот најнов знаменосец во поставата, електричниот седан ID.7

Volkswagen ID.7 дебитира како нов водечки електричен седан на брендот, а на европските пазари ќе пристигне оваа есен.

ID.7 ќе биде достапен во две верзии: Pro и Pro S. Иако VW не откри детали за погонот, сепак и двете верзии имаат електричен мотор со моќност од 286 КС и 550 Nm. Pro доаѓа со батерија која има бруто рејтинг од 82,0 киловат-час (нето 77,0 kWh) што обезбедува опсег на движење според WLTP циклусот од 615 километри. Системот поддржува DC полнење од 170 kW.

Pro S добива пакет со бруто капацитет од 91,0 kWh (нето 86,0 kWh) што нуди опсег од 700 километри. Капацитетот на DC полнење е 200 kW.

ID.7 е долг 4961 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2966 милиметри. Без да се бројат надворешните ретровизори, VW е широк 1.862 мм. Коефициентот на отпор на каросеријата е дури 0,23, во зависност од опремата што купувачот ќе ја избере.

Задниот поглед можеби е најмалку возбудлив, но има LED светлосна лента што свети црвено само кога се активираат сопирачките. Остатокот од времето светлата изгледаат бели.

Подолу, има хоризонтален рефлектор кој помага да се нагласи ширината на автомобилот. Дизајнерите инсталираа и сјајно црн дифузер и интегриран спојлер.

Volkswagen ID.7

Надворешноста не е футуристичка, но истото не може да се каже за кабината и нејзиниот минималистички дизајн. Наместо да носи дигитална табла со инструменти од 12,3 инчи, ID.7 има мал дисплеј што се фокусира на прикажување „законски пропишани“ информации како што се предупредувања и вашата моментална брзина.

Во внатрешноста, ID.7 доаѓа стандардно со head-up дисплеј со проширена реалност. Технологијата им овозможува на дизајнерите да вклопат поедноставена група инструменти што ги прикажува само законски неопходните информации како брзината на возилото и разни предупредувања.

Системот за проширена реалност прави информациите да изгледаат на различни растојанија од возачот. На пример, се чини дека брзината е блиску, но стрелките за насока делува дека се подалеку. Информациите на екранот може да вклучуваат работи како ознаки на коловозните ленти, информации за растојанието и ограничување на брзината. Контролите на воланот овозможуваат прилагодување на информациите на HUD на она што возачот сака да го види.

15,0-инчниот инфозабавен систем е во центарот на контролната табла. Осветлените лизгачи на допир овозможуваат прилагодување на температурата во кабината и јачината на звукот.

Системот за помош при патување вклучува адаптивен темпомат и потпомогнато менување лента. Технологијата може да открие ограничувања на брзината и автоматски да ја приспособи брзината на возилото.

VW тврди дека ID.7 го има најнапредниот систем за климатизација од марката од Phaeton. Отворите имаат мотори за да ги поместуваат вертикално и хоризонтално, така што системот може да го дистрибуира воздухот на голема површина од кабината. Исто така, реагира на гласовни команди.

Купувачите можат да изберат и високотехнолошки седишта. Предните столчиња се достапни со до 14-насочно електрично подесување. Функцијата Climatronic користи сензори за температура и влага за да ги загрева или лади автоматски. Системот за масажа има 10 воздушни перничиња, а премиум верзијата додава уште две перничиња за работа на карлицата и ‘рбетот на патникот.

Опционалниот панорамски покрив има паметна стаклена плоча. Слојот од течни кристали, дисперзиран со полимер, му овозможува да се префрла помеѓу непроѕирен или транспарентен или преку копче или преку гласовните контроли.

VW ќе го произведува ID.7 за европскиот и северноамериканскиот пазар во фабриката во Емден во Германија. Производството ќе започне во втората половина на годината. Не се достапни детали за цените за кој било регион.

Поврзани вести

Back to top button