Volkswagen избра имиња на уште два електрични модели
Германскиот производител Volkswagen ги регистрира трговските марки I.D. Freeler и I.D. Cruiser
Тие ќе бидат искористени за новите електрични модели на брендот концептни или сериски.
Во моментот гамата електрични прототипи на Volkswagen ги вклучува хечбекот I.D., миниванот I.D. BUZZ и купеовскиот кросовер I.D. CROZZ. Претходно оваа есен беше соопштено дека се подготвуваат уште два модела I.D. Lounge и I.D. AEROe, кои најверојатно ќе претставуваат седан и купе. Што се крие зад имињата I.D. Freeler и I.D. Cruiser, не е јасно. Изборот ја докажува намерата на Volkswagen Group да понуди 32 електрифицирани модели за 5 години.
Најмалку 20 од нив ќе бидат од брендот Volkswagen, а сите ќе бидат изградени на платформата MEB, развиена специјално за електрични и хибридни возила. Сериското производство на првиот модел од гамата Volkswagen I.D. ќе стартува кон крајот на 2019 година, а ќе се одвива во фабриката во Цвикау (Германија). Ова ќе биде хечбек за европскиот пазар, кој ќе има димензии на Golf и ентериер од Passat. Автономијата со едно полнење ќе околу 600 километри.
Година подоцна треба да биде подготвен и кросоверот наменет за пазарот во САД. Тој ќе има автономија од 500 километри. Во 2022 година ќе излезе и миниванот, повторно за континенталниот пазар. Сите електрични возила на марката ќе имаат пристап до интернет, како и системи со беспилотен режим.