fbpx

Volkswagen ID. R со уште еден нов рекорд на Nürburgring

По рекордот за најбрз EV на Nürburgring, Volkswagen ID. R постави нов рекорд за најефикасен круг на сите времиња на стазата

Назад во јуни, возачот Ромеин Думас со Volkswagen ID. R ја помина патеката од 20,8 километри за само 6:05.336 минути, користејќи само 24,7kWh од енергијата, со што го постави рекордот за најенергетски ефикасен круг на сите времиња на Nürburgring.

Според Volkswagen, тоа го прави значително побрз од GT3-класата на тркачки автомобили, со потрошувачка од само една четвртина од енергијата за време на еден круг на стазата. ID. R исто така одбележа и најбрзо време на било кој електричен автомобил на Nürburgring, победувајќи го претходниот рекордер, кинескиот Nio EP9, со цели 40 секунди.

Volkswagen ID. R

Оваа инзвонредна изведба го прави Volkswagen ID. R вториот со најбрзо време на германската патека, каде на првото место се наоѓа прототипниот Porsche 919 Hybrid Evo Le Mans, кој во 2018 достигна време од 5:19.55 минути.

За време на рекордниот круг во јуни, Думас постигна просечна брзина од 204,96 km/h, притоа достигнувајќи максимална брзина од 273 km/h. Тој доживеал центрифугални сили што се изедначуваат со приближно три и пол пати поголеми од сопствената телесна тежина, а мерните инструменти на автомобилот снимиле дури до 3.49 G, точка во која главата на Думас тежела повеќе од 20 кг.

Дивиот ID. R е погонуван од два електрични мотори, поставени по еден на секоја оска, кои произведуваат комбинирана моќност од 680 коњски сили и вртежен момент од 649Nm. Електричниот модел има тежина нешто помала од 1100 килограми.

Volkswagen ID. R

Поврзани вести

Back to top button