Volkswagen ја најави новата Jetta
Volkswagen ја објави првата официјална слика на новата генерација на седан моделот Jetta
За изданието Motor1, шефот на американската поделба, Хенрик Бебен, откри дека светската премиера на моделот ќе биде на салонот во Детроит, во јануари.
Според менаџерот автомобилот ќе добие „врвен, силен и емотивен дизајн”. Тоа е главно направено за да ги задоволи желбите на клиентите во Северна Америка, каде што Jetta мора да остане симбол на германскиот бренд. Седмата генерација на моделот ќе биде изградена на модуларната MQB платформа и ќе порасне во големина во споредба со неговиот претходник.
Главниот мотор за моделот ќе биде 1.4- литарскиот 4- цилиндерски TSI кој ќе биде комбиниран со 6 брзински мануелен или 8 степен автоматски менувач. Ентериерот на новата Jetta не е значително различен од оној на Volkswagen Golf. Сепак, детали за ентериерот не се објавени, па ова се очекува да се случи непосредно пред премиерата на моделот.