fbpx

Volkswagen со нов бренд во Кина

Volkswagen го објави основањето на својот нов бренд за автомобили, кои ќе биде насочен кон младите корисници кои живеат надвор од големите градови во Кина

Автомобилите на новата марка- Jetta, ќе се произведуваат од FAW-Volkswagen, a првично во портфолиото ќе бидат вклучени седан и два SUV модели. Нивната продажба се очекува да започне во третата четвртина од оваа година.

Volkswagen

„Со Jetta ние се доближуваме до утврдената лидерска марка Volkswagen во масовниот сегмент. Со одлуките за мобилност се надеваме на околу една третина од кинескиот пазар“, коментира Јирген Стакман, член на управниот одбор на VW. „Со овој потег, значително ќе ја зголемиме покриеноста на пазарот“.

Volkswagen

За Jetta од Volkswagen избрале неконвенционален трговски приод, а брендот ќе изгради самостојна дилерската мрежа. Кон крајот на годината се очекува да бидат организирани околу 200 застапништва кои можат да ги нудат трите производи на новиот бренд.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button