fbpx

Volkswagen официјално го претстави електричниот ID.4

Германската компанија Volkswagen продолжува со развојот и проширувањето на своето ID семејство на електрични автомобили со денешната премиера на ID.4

Volkswagen продолжува со напредокот на полето на електричните автомобили, а денеска германскиот бренд официјално го презентираше ID.4 електричниот SUV кој со нетрпение го очекуваа љубителите на електричните возила. ID.4 е уште еден во низата електрични SUV кои се појавија во претходните неколку години. Овој модел на Volkswagen е поставен на модуларната MEB платформа и ќе биде достапен во две варијанти, а тоа е со погон на сите четири тркала, односно со погон на задната осовина.

Кога станува збор за дизајнот, Volkswagen не понуди некои поголеми изненадувања, односно останува во склад на она што веќе го воведе со ID.3. Интересно е што ID.4 е претставен со блага камуфлажа, а причината за тоа е што Volkswagen ја планира официјалната премиера за подоцна. Според некои информации, тоа ќе се случи во јуни на Салонот за автомобили во Детроит.

Volkswagen ID.4

VW без конкретни детали за ID.4

Причина за тоа е што ID.4 ќе биде првото возило од семејството на Volkswagen ID кое ќе се најде на пазарот во САД. Volkswagen не соопшти никакви спецификации кога станува збор за погонскиот склоп и автономијата на движење, односно капацитетот на батериите, но затоа соопшти повеќе детали за своите планови за електрификација на гамата во иднина, а тука се опфатени и веќе постоечките модели кои ќе добијат plug-in хибридни погони.

Високо волтаичната батерија, како што соопштија од VW, ќе биде поставена во близина на централниот долен дел со цел да се добие ниска тежишна линија и оптималност кога станува збор за возачката динамика. ID.4, како и сите останати модели базирани на MEB платформата, ќе нуди голема пространост благодарение на компактната електрична технологија. Целосно дигиталната кабина и нулта емисија на штетни гасови се подразбираат со новиот електричен SUV соопштија од Volkswagen. Командите во возилото ќе се даваат преку екрани чувствителни на допир и со помош на гласовни команди.

Како и да е, германскиот бренд соопшти дека продажбата на овој електричен SUV ќе започне во Кина, Европа и САД во 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button