Volkswagen се откажа од хибридниот Golf GTI
Премиерата на осмата генерација на VW Golf се приближува, а по неа треба да биде претставена и GTI верзијата на моделот, за која се очекува огромен интерес од фановите на брендот. Нејзиното деби ќе се одржи во 2020 година, но веќе има информации за тоа каква ќе биде следната жешка копачка.
Според Autocar, поранешниот шеф на Volkswagen – Матијас Милер, лично инсистирал моделот да добие хибриден агрегат, но неговиот заменик Херберт Дис ги гледа работите поинаку. Затоа VW Golf 8 GTI ќе остане без дополнителен електричен мотор и ќе се потпре на претходно тестираната формула.
Очекувањата се под капакот на моделот да биде поставен сегашниот 2.0 литарски бензински турбомотор, чија моќност ќе се зголеми до 252 КС. Посилната верзија на GTI Performance ќе има 284 коњски сили и спецификација од Golf TCR GTI.
Хибридната единица ќе биде достапна за стандардниот VW Golf кој ќе биде достапен во текот на летото. Првично се предвидува системот со електромотор да биде за моделот со 2.0 литарски бензински мотор TSI, но и овој план претрпе промена. Така, хибридната шема ќе ги користи бензинските 1.5 литарски TSI и TDI дизелот од 2.0 литри.