fbpx

Volkswagen подготвува разделба со дел од своите брендови

Концернот Volkswagen започнува сериозна реорганизација, која вклучува и разделба со некои од компаниите членки на Концернот

Како прв се споменува производителот на мотоцикли Ducati и компанијата за менувачи Renk. Уште поранешното раководство на групата се обиде да се раздели со овие две компании, но поради отпорот на синдикатите, како и на семејствата Пих и Порше, кои имаат удел во концернот и натаму се дел од гигантот.

Новиот извршен директор на Volkswagen AG, Херберт Дис, сепак е категоричен дека управата треба да го преиспита уделот на сите брендови во групата, а за секоја од нив ќе биде барана индивидуална анализа. Од неговите зборови, јасно е дека извештај ќе се бара не само со Ducati и Renk, туку и од производителот на камиони MAN.

Volkswagen

„Кај овие компании треба да се бараат можни идни перспективи. Тие можат едноставно да бидат проширени со нови бизнис-планови, но сосема е можно и да се дојде до разделба со нив“, коментира Дис, цитиран од агенцијата Reuters. Шефот на концернот додаде дека Концернот ќе ги понуди акциите на MAN и другиот производител на камиони Scania на берзата. Ова ќе олесни да се најдат инвеститори за овие компании, што на крајот може да доведе до поделба. Сепак, нема да се бара купувач по секоја цена.

Volkswagen

„Најважно за нас е да не го нарушиме интегритетот на Групата. За таа цел треба да се подобри соодносот кон останатите марки од концернот, претежно со фабриките на Audi, Seat, Škoda и Bentley. Транзицијата кон современите процеси бара дополнителни оптоварувања, а ние во VW мора секогаш да сме подготвени на тоа”, рече Дис.

Експертите побрзаа да ги споредат активностите на Volkswagen AG со оние на уште еден голем производител – FIAT-Chrysler, кој веќе започна на овој начин. Италијанско-американскиот концерн го оддели од компанијата Ferrari и фирмата за производство на земјоделска техника CNH Industrial и тие веќе се развиваат целосно самостојно.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button