fbpx

Volkswagen предупреди- цените на автомобилите ќе се зголемуваат!

Концернот Volkswagen Group објави дека повисоките трошоци за материјали, поврзани со регулирање на штетните емисии CO2, ќе доведат до значително зголемување на цените на автомобилите во среднорочен план, пишува Aitomotive News Europe

Според директорот за продажба на VW Групацијата Кристијан Дахлајм, разликата ќе се почувствува особено кај возилата со ниски цени. Тој е категоричен дека концернот користи најразлични ресурси, за да се спротивстави на зголемувањето на трошоците, но тоа не е сосема доволно во случајот.

Во последниве месеци, големите производители, особено во Европа, се спротивставија на новите еколошки стандарди што им ги наметнаа. Тензиите во индустријата се зголемуваат поради трговската војна помеѓу САД и Кина и претстојниот излез од ЕУ на Велика Британија. Не е случајно што минатата недела, производителите како Ford и Jaguar Land Rover објавија дека се подготвуваат за сериозни прекини на работата.

Во VW Group се надеваат со помош на многуте нови модели, да успеат да се справат со наталожените негативни фактори. Меѓу нив се Volkswagen T-Cross, Seat Tarraco и Audi Q3 што се дополнително преработени, за да се покријат новите стандарди. Во концернот сметаат барем во прво време да ги задржат цените на сегашните нивоа во двата клучни региони – Кина и Европа, но стравуваат дека падот на продажбата ќе ги принуди да ги зголемат цените.

„Според новите услови за штетните емисии, растот на продажбата на масовните пазари едвај може да се одржи. Ова ќе нѐ предупреди да направиме промени во опсегот на моделите, како и на моторите бидејќи и тие се поврзани со дополнителни трошоци. Ова влијае не само на Volkswagen, туку и на целата индустрија“, објасни Дахлајм.

Поврзани вести

Back to top button